Thursday, Jul 19, 2018
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрујовски доби година и пол затворска казна во случајот „Тврдина 2“

Грујовски доби година и пол затворска казна во случајот „Тврдина 2“

grujovski1_1_0

Поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, кој беше во бегство, доби една и пол година затворска казна за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“ на СЈО. Другите шест обвинети, вработени во УБК, добија условни казни за фалсификување службена исправа.

На Грујевски, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Солун, му се судеше во отсуство.

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, пред два дена, на завршните зборови на судењето, побара од судот максимална казна за Грујовски, за случајот „Тврдина 2“, додека за другите шест службенички од УБК, обвинети во случајот, таа му предложи на судот да им одреди алтернативни, односно условни казни.

Ристоска тогаш истакна дека мотивот на Грујовски, како наредбодавец за уништувањето на документацијата од УБК, бил да се сокријат трагите за тоа кој и како прислушувал стотици граѓани во Македонија и да се отежни истрагата за масовното кршење на човековите слободи и права од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа рече дека уништувањето на документите во полициската база Брест во Петровец, се случувало истовремено со уништувањето на системите од незаконското следење на комуникациите во МВР, за што Грујовски, исто така, е обвинет во случајот „Тврдина“.