Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКој ќе го наследи Зврлевски?

Кој ќе го наследи Зврлевски?

Додека пратениците ги спротивставуваат аргументите „за“ или „против“ разрешувањето на Марко Зврлевски, правници, експерти, обвинители, професори и луѓе од фелата ги подготвуваат документите за кандидидрање за jавен обвинител на РМ, пренесува Макфакс.

Во интервју за Макфакс, поранешниот јавен обвинител и судија, а сега адвокат Александар Наков вели дека ќе влезе во трката за избор на републички обвинител.

Според него, идниот jавен обвинител треба да биде личност со интегритет, авторитет и одлучност во борбата со криминалите во последнава деценија. Тој додава дека не смее да се бира партиски кадар.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во изјава за „Плусинфо“ пак потврди дека тој ќе биде еден од кандидатите за Јавен обвинител на Република Македонија.

– Амбиции за наследник на Зврлевски немам, но да станам јавен обвинител имам. Со години зборувам кога сите молчеа за сето она што не чини во судството и обвинителството. Не постои предмет кој е битен и звучен, а да не сум го застапувал, покрај тоа долго време сум во судството и ги знам и лоцирам проблемите и за разлика од другите зборувам за нив јавно. Ќе поднесам кандидатура, но без разлика кој ќе биде избран, би сакал да биде професионалец и човек којшто имал храброст и зборувал за проблемите и состојбите уште од времето, а не сега – вели Давидовиќ.