Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЉубомир Јовески предложен за нов државен јавен обвинител

Љубомир Јовески предложен за нов државен јавен обвинител

Владата на денешната седница одлучила да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, кој е член на Советот на јавни обвинители, соопшти владината прес-служба.

„Владата на Република Македонија оваа одлука, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители“, стои во соопштението.

На огласот за избор на јавен обвинител што го распиша Собранието, се пријавија вкупно 23 кандидати. Советот на јавни обвинители минатата недела ги разгледа нивните кандидатури и достави мислење до Владата.

Собранието, по приемот на предлогот од Владата, треба да закаже седница за именување на новиот јавен обвинител.

За именувањето, како и за разрешување државен јавен обвинител, Собранието одлучува со просто мнозинство, односно со 61 глас.

Собранието, на 17 август годинава, на предлог на Владата го разреши Марко Зврлевски од оваа функција.