Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо разрешувањето на Звревски, почнаа реформите во судството, вели Шилегов

Со разрешувањето на Звревски, почнаа реформите во судството, вели Шилегов

„Разрешувањето на Јавниот обвинител Марко Зврлевски означува почеток на реформите во судството кои ќе донесат правда за сите“, изјави Петре Шилегов на денешната прес-конференција. За парламентарното мнозинство разрешувањето е прв чекор за создавање нов правен систем.

„Македонија на последните избори гласаше за промени, правда и правичност. Гласаше за систем за еднаквост. Тие промени се случуваат , иако раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се обидува да се спречи за да не одговараат за криминалите кои ги направија. Нема веќе Сваровски судии, закани и сеење страв. Нема повеќе монтирани судски процеси. Во Македонија почнува процес на враќање на правда и одговорност за секое кривично дело. Правдата е можеби бавна, но пристигнува“, рече Шилегов.

Во однос на изборот на нов јавен обвинител Шилегов е скептичен дека тој ќе биде избран пред изборите. Во меѓувреме Советот на јавни обвинители треба да назначи заменик до изборот на новиот обвинител, но Шилегов не откри кој ќе биде тој.

„Процесот за избор на нов обвинител наша идеја и желба е да биде предизвик за цела правна фела. Секој кој мисли дека ги исполнува условите, дека е кадарен, има способност и волја да ја врати правдата, има еднакви можности да биде избран за Државен јавен обвинител“, изјави Шилегов.

Разрешувањето на Зврлевски ја чинело државата околу 240 илјади евра, без патни трошоци за пратениците, односно 20 илјади евра по 12 продолженија на седниците.