Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКрис Еванс, екс водителот на Топ Гиар, обвинет за сексуален напад

Крис Еванс, екс водителот на Топ Гиар, обвинет за сексуален напад

Крис Еванс за само неколку дена успеа да ги наполни таблоидите во Велика Британија, најпрво под сомнителни околности по само една сезона е отпуштен од најгледаното шоу Топ Гиар, за потоа да биде обвинет за сексуален напад од страна на негова поранешна колешка која тврди дека во текот на две години секојдневно и го покажувал пенисот.

Таа дури сега го покренува обвинението со цел како што укажала на полицијата да заштити други жени од однесувањето на Еванс. Актерот инаку доби уште едно обвинение за непримерно однесување од колешка која вели дека ја допирал за градите, но тој овие обвинување ги нарече „лов на вештерки“.

leblanc-topgear

За напуштањето на Топ Гиар изјави дека дал се од себе, што можеби и не е доволно за враќање на рејтингот на шоуто и дека на одличната екипа и посакува се најдобро. Грбот на Еванс му го сврте и вториот водител на Топ Гиар, актерот Мет ле Бланк кој се закани со отказ ако мора да работи со него.