Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп го „шутна“ директорот на ФБИ, Џејмс Комеј

Трамп го „шутна“ директорот на ФБИ, Џејмс Комеј

Белата куќа во Вашингтон соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го отпуштил Комеј врз основа на „јасни препораки на јавниот обвинител и заменик- јавниот обвинител“.

„Денеска претседателот Доналд Трамп го информираше директорот на ФБИ Џејмс Комеј дека е отпуштен и тргнат од функцијата“ – се вели во сооптението.

„Претседателот Трамп постапи согласно две јасни препораки од заменикот јавен обвинител Род Розенстајн и Јавниот обвинител Џеф Сешенс“ – се додава во соопштението.

Отказот доаѓа денови откако тој сведочеше во Капитол Хил за истрагата на ФБИ за наводната руска вмешаност во американските избори и за можна врска меѓу Русија и кампањата на Трамп.

Неговата одлука да го извести конгресот кусо пред изборите за новиот развој на настаните за истрагата за користењето на хилари Клинтон на приватната емаил адреса за време на нејзината функција како државен секретар го стави Комеј во фокусот на политичките настани.

Денеска ФБИ го корегираше неговото сведочење под заклетва кога Комеј минатата недела пред конгресот дека Хума Абедин, близок соработник на Клинтон, испраќале „стотици и илјадници“ емаил пораки од лаптопот на нејзиниот сопруг, вклучително и некои класифицирани информации.