Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп ја „шутна“ и Државната обвинителка, па таа изнесе детали за аферата со Русите

Трамп ја „шутна“ и Државната обвинителка, па таа изнесе детали за аферата со Русите

Поранешната вршителка на должноста државна обвинителка на САД Сали Јејтс сведочеше вчера пред Сенатот во рамки на парламентарната истрага за можна соработка на изборниот штаб на Доналд Трамп и руската операција на мешање во американските избори.

Јејтс сведочеше дека го предупредила правниот советник на Белата куќа Дон Мекган дека тогашниот Трампов советник за национална безбедност Мајкл Флин се впуштил во „проблематични постапки“, што се однесува на неговите телефонски разговори со рускиот амбасадот во САД Сергеј Кисљак, односно дека за тоа го лажел потпретседател Мајк Пенс – јавува Вашингтон пост.

Но, тука приказната доаѓа до прилично интересен дел: Јејтс беше отпуштена на 30 јануари, само 3 дена откако ја предупреди Белата куќа дека Флин лажел за содржината на својот разговор со Кисљак. А содржината на разговорот, најверојатно, биле санкциите кои САД ѝ ги наметнаа на Русија и можноста за нивно укинување ако Трамп дојде на власт.

Таквиот заклучок го поткрепува и времето на разговорот: 29 декември 2016, истиот ден кога тогашниот американски претседател Барак Обама нареди протерување на 35 руски дипломатски функционери и понатамошни мерки поради руското хакирање на документи поврзани со Хилари Клинтон и мешање во изборите.

Флин на 13 февруари поради лажењето на Пенс даде оставка, но дури откако американските медиуми го разоткрија целиот скандал, повеќе од две недели откако Јејтс ја предупреди Белата куќа. Со други зборови, наместо да го отпушти својот инкриминиран советник Флин, Трамп ја отпушти државната обвинителка која го предупреди на аферата.

Дека Трамп е прилично загрижен околиу сведочењето на Јејтс и дека планира да дискредитира како недоверлив сведок и „играч на Обама“ сугерира и неговиот твит: „Прашајте ја Сали Јејтс, под заклетва, дали знае како доверливите информации стигнале до медиумите набрзо откако му ги објаснила на правниот советник на Белата куќа“.

Обдиот на Трамп да го сврти вниманието од аферата на прашањето како податоците за скандалот „протекле“ потсетува на неговото обвинување дека Обама го прислушувал. Иако директорот на ФБИ Џејсм Коми сведочеше дека за тоа нема докази, Трамп и понатаму тврди дека обвинението е „многу силно докажано“.

Но, според Јејтс, во случајот со Флин станува збор за сериозно нарушување на националната безбедност бидејќи тој се довел во ситуација „Русите да можат да го уценуваат“ поради неговите разговори со Кисљак. Останува истрагата да утврди зошто администрацијата на Трамп чекаше две недели за да го отпушти советникот фатен во тајни договори со Русија, и зошто тоа го направи дури по притисокот на медиумите и јавноста.