Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе спиеме мирно -Банките со грчки капитал во Македонија се стабилни

Ќе спиеме мирно -Банките со грчки капитал во Македонија се стабилни

По големата неизвесност со финансиската состојба во Грција од НБРМ уверуваат дека банкарскиот сектор во Македонија е стабилен и нема никаков простор за паника, особено не за комерцијалните банки кои се со грчки сопственици или вложен грчки капитал.

bogov1

– Во Грција, нашите банки немаат депозити. Имаат депозити некои банки во подружници на Грчки банки во други земји како во Романија, Малта. Грчките банки во тие земји се посебни правни лица. Банките тррба да ги повлечат парите оттаму, иако нема некоја загрозеност, изјави гувернерот Димитар Богов.
Претходно Народната банка на Република Македонија соопшти дека по препораките на Европската централна банка превземени се превентивни мерки кои ќе ги ограничат капиталните одливи од резидентите на Република Македонија (физичките и правните лица) кон грчките субјекти врз основа на новосклучени капитални трансакции, но не и на ограничување на одливите врз основа на пристигнати плаќања за веќе склучени капитални трансакции.

nbrmЦелта на овој сет мерки е да се ограничат само капиталните одливи кон Република Грција и кон субјекти од Република Грција, но не и да се блокира ниту на било каков начин да се отежне сегашното и идното комерцијално работење со субјектите од Република Грција.

Исто така се раширија шпекулации дека македонските туристи во Грција ќе бидат принудени да плаќаат во кеш и дека нивните платежни картички нема да им користат. Богов увери дека граѓаните ќе може да подигнуваат пари од банкомати во Грција со суми во висината за која е утврден лимит од нивните банки.

Евентуален банкрот на Грција може да доведе до нарушување на трговските односи бидејќи добар дел од надворешната размена се должи на увоз и извоз на добра и инвестиции.