Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКанал 5 призна дека македонската економија е „на колена“

Канал 5 призна дека македонската економија е „на колена“

Изгледа смената на уредништвото веднаш стана видлива. До вчера Канал 5 ги потврдуваше економските ставови на досегашната владејачка гарнитура, а нивните прилози беа во насока на добрата економска состојба и добрите економски политики. Сега, на интервју со Зоран Заев, новата уредничка рече дека македонската економија е на колена, токму тоа до вчера не го гледаа.

Зоран Заев рече дека во пррвите 6 месеци ќе инвестираат 150 милиони евра во македонските компании, што досега не беше случај бидејќи владата на Груевски инвестираше повеќе во странските инвеститори. Заев вети економски политики кои ќе ја подигнат цела економија. Ако компаниите имаат поголем профит, платите ќе бидат поголеми, а со тоа и ќе се подигне економскиот стандард.