Monday, May 13, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈувентус комплетираше уште еден трансфер!

Јувентус комплетираше уште еден трансфер!

Јувентус денес комплетираше уште едно засилување, во прашае е младиот и талентиран фудбалер Марко Пјаца, репрезентативецот на Хрватска се обврза кон шампионот на Италија до 2021 година, а 21-годишниот офанзивен фудбалер, кој вчера постигна два гола на дуелот со Вардар, е ново засилување за тренерот Масимо Алегри.

Јувентус попладнево соопшти дека постигнал договор со Динамо Загреб за трансфер вреден 23 милиони евра, сума која ќе биде платена на две рати.

„Јувентус може да потврди дека го комплетираше трансферот на Марко Пјаца од Динамо Загреб за 23 милиони евра” – гласеше известувањето на „Бјанконерите”. Ова е четврто засилување за Јувентус во овој трансфер периодот откако клубот веќе ги комплетираше трансферите на Дани Алвеш, Миралем Пјаниќ и Мехди Бенатиа.

13754440_1064818436932320_4809978421950578133_n