Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзгаснат пожарот кој вчера го зафати Велес

Изгаснат пожарот кој вчера го зафати Велес

Велес беше зафатен од пожар. На ридот Гроот над Велес изгаснат e пожарот кој зафати поголема површина дабова шума и пасишта, но се уште има жаришта. Според информацијата од Противпожарната единица од Велес, вчера околу 19 часот е изгаснат големиот пожар на ридот кој, според првичните проценки, зафатил околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.

Како што не информираа за МИА од ППЕ, има уште неколку жаришта поради што екипи од ЈП „Македонски шуми Шумско стопанство Бабуна“ од Велес и понатаму се на терен, за донекаде да ја контролираат состојбата. Гаснењето на пожарот беше отежнато и поради ветрот кој непрекинато дуваше во тој реон.