Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов се обрати на нацијата: Не ја повлекува одлуката за аболиција

Иванов се обрати на нацијата: Не ја повлекува одлуката за аболиција

Претседателот, Ѓорге Иванов се обрати до нацијата и рече дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 лица за дела поврзани и кои произлегуваат од прислушкуваните разговори. Тој истакна дека е убеден дека ваквата одлука е во исклучиво државен интерес и во насока на организирање парламентарни избори без притисок.

Тој изјави дека оние кои скаат аболицијата за нив да биде повлечена, писмено да се обратат кај претседателот, по што правни експерти ќе ја разгледаат ваквата можност.

Од Иванов партиите денеска побараа да ја преиспита и да ја повлече одлуката за аболиција, а веќе три дена граѓаните протестираат против, како што велат, ослободувањето на криминалците. За денеска е закажан уште помасовен протест во 18.00 часот.