Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШвајцарија преку референдум се откажа од нуклеарна енергија

Швајцарија преку референдум се откажа од нуклеарна енергија

Мнозинството швајцарски гласачи го поддржаа на референдум планот земјата полека да ја напушти нуклеарната енергија и да премине на обновливи извори.

Според проекциите на првичните неофицијални резултати, 58 отсто гласале „за“, а 42 отсто против откажувањето од нуклеарната енергија.

Планот подразбира поголемо производство од обновливи извори, намалување на зависноста од увозот, како и производство на енергија од ветер но и производство на енергетски поефикасни уреди и автомобили.

Во Цирих, швајцарскито кантон со најголем број жители, за новиот закон гласале над 60 отсто од гласачите, а во Женева над 70. Конечните резултати од референдумот се очекуваат подоцна вечерва.

Новиот енергетски закон нема конкретен датум за откажување од нуклеарната енергија, но нема да се градат нови нуклеарни централи. Наместо тоа ќе се промовираат обновливите извори на енергија, а потрошувачката на енергија по жител до 2035 година треба да се намали за 43 отсто.