Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов не сака да се сретне со Хан – им го дава терминот на „За заедничка Македонија“

Иванов не сака да се сретне со Хан – им го дава терминот на „За заедничка Македонија“

Претседателот на Ѓорге Иванов нема да се сретне со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, соопштија од кабинетот на претседателот.

Оттаму наведуваат дека Иванов се уште е во работна посета на Унгарија и оти дури доцна вечерва ќе се врати во Македонија. Иванов уште во петокот го информирал на амбасадорот Самуел Жбогар дека не планира да се сретне со Хан и европратениците бидејќи неговите ставови во однос на доделувањето на мандатот остануваат непроменети.

„Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана. Со оглед на тоа дека Претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, од Кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена“, соопштија од Кабинетот на Иванов.

На пат кон Скопје, еден од соработниците на еврокомесарот Хан, твитна фотографија од авион и напиша: „На пат кон Скопје, Јоханес Хан, Едвард Кукан, Кнут Фленкенштајн и Иво Вајгел, со порака да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство. Не подгревајте меѓуетнички тензии“.