Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМТСП: Иванов покажува елементарно непознавање на истанбулската конвенција

МТСП: Иванов покажува елементарно непознавање на истанбулската конвенција

Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека постојат ризици со ратификација на истанбулската конвенција, а со тоа покажува елементарно непознавање за овој документ, реагира Министерството за труд и социјална политика.

„Иванов очигледно е неинформиран дека истанбулската конвенција во основа се бори против дискриминацијата и дека со нејзината ратификација Владата се обврзува да го подобрува системот на превенција, помош, заштита и процесирање на случаите на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство, без дискриминација врз кој било основ: пол, род, раса, боја, јазик, вера, политичко или друго мислење“, се вели во реакцијата.

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, популарно нарекувана истанбулска конвенција, е меѓународен документ со досега најсеопфатни законски решенија и политики за заштита од насилство врз жените.