Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИма ли жена што ќе ја контролира УБК

Има ли жена што ќе ја контролира УБК

Собранието на Република Македонија го формираше составот на комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и на комисијата за надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.


mvr1Бидејќи голем дел од опозициските пратеници се надвор од собранието, позицијата на „контролори“ ќе ги завземат пратеничките Роза Топузовска – Каревска како член на комисијата за надзор на УБК и АР, а пратеничката Љубица Буралиева е заменик-член во ова собраниско тело. Солза Грчева ќе ги контролира мерките за следење на комуникациите, а Топузовска ќе биде нејзина заменичка.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски објасни дека на овој начин ќе се пополнат потребните места како што предвидуваат прописите за застапеност на опоцизијата, а кога официјално ќе се врати најголемата опозициона партија со полниот состав на пратеници ќе се опозицијата ќе се направи ревизија на постојниот состав на овие две комисии, па ако е потребно ќе се донесе одлука за ново пополнување.

Трите опозициски пратенички беа предложени за членови и заменици во комисиите за надзор над прислушувањето и над УБК и АР. Во минатото претседателите и членовите на овие две комисии се жалеа на слаба соработка со УБК од каде не добивале потребни извештаи за нивната работа.