Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКуманово и Штип се приклучуваат на протестите

Куманово и Штип се приклучуваат на протестите

Утре Куманов и Штип ќе се приклучат кон протестите кои ја одбележаа минатава недела. „Одложете ги изборите, во спротивно бојкот!“ е поракта која штипјани и кумановчани утре ќе ја испратат до власта. Протестите ќе се одржат пред Основните судови . Од здружението „Протестирам“ изјавија дека ќе побараат оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Исто така очекуваме повторно свикување на Собранието на Република Македонија и негова одлука за одложување на изборите на 5-ти јуни на неопределено време и ангажман за составување на преодна влада која ќе ги спроведе потребните реформи пред одржување на на кои било следни избори“, стои во објавата на „Протестирам“.