Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрват се врза со ланци за дигалка за да ја стопира работата

Хрват се врза со ланци за дигалка за да ја стопира работата

Жител на загрепската општина Јеждовец се врзал со ланци за дигалка во знак на протест, откако во квартот пристигнале работници кои го подготвувале теренот за да постават базна станица на еден мобилен оператор.

Жителите на овој дел од Загреб не се согласуваат на таа улица да биде поставена станицата, па откако работниците дошле во населбата и почнале да го подготуваат теренот, граѓаните се собирале и го окупирале просторот. Настанот кулминирал со жителот кој се врзал за дигалката со ланци, поради што морала да интервенира полицијата.

По некое време, лутите граѓани успеале да ја тргнат дигалката од улицата, а по интервенцијата се повлекле. По стабилизирање на состојбата, работниците продолжикле со подготовка на теренот.