Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРаботници од фабриката „Зона Трико“ на протест – Земаат плата од 1 денар

Работници од фабриката „Зона Трико“ на протест – Земаат плата од 1 денар

Над 250 работници од фабриката „Зона Трико“ од Виница повеќе од една година ги чекаат своите одработени, а неисплатени плати за околу осум месеци колку што работеле минатата година. Тие денеска протестираа затоа што на трансакциските сметки им била исплатена нето плата од по 1 денар и тоа само за четири месеци.

Последниот целосен надоместок го примиле во јануари минатата година, а во септември им било кажано да не доаѓаат повеќе на работа. Работниците се чудат зошто инспекциските органи до сега не презеле мерки, иако повеќепати ги информирале за состојбата во фабриката.