Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАHerbalife – исхрана гориво за шампиони

Herbalife – исхрана гориво за шампиони

Виталност, енергија, здравје со еден збор „Herbalife“.  Се она што ви е потребно за активен и здрав начин на живеење ви го нуди токму оваа компанија за исхрана. Herbalife ја презентираше важноста на балансиранта исхрана во комбинација со физичката активност. Филозофија на глобалната фирма за здрава исхрана е како што велат тие активниот живот и знаењето да се храниме правилно.

Herbalife во соработка со многу реномирани атлети меѓу кои и славниот фудбалер Кристијано Роналдо, работат на сосема нов пристап на здравиот живот, мотивација на луѓето за промена на нивниот начин на живеење и подобрување на нивното здравје. Нина Себечиќ Црнолатац, Директор на Југоисточна Европа во Хербалајф за начинот на водење здрав и активен живот како физички така и ментален изјави :

„Најбитно е да не се избегнува појадокот, вечерата да биде лесна и во текот на денот да се конзумираат 5 оброка кои ќе бидат полни со витамини, минерали и масти. Внесувањето на нездравата исхрана може да се замени со некој од широката палета на шејкови или протеин барови за чија што калоричност не треба да се грижиме, а кои ги нуди токму оваа глобална компанија.“

herba1novОд страна на директорката беше нагласено дека шејковите не се наменети само за оние кои сакаат да намалат со тежината, туку и за оние кои сакаат и да накачат некое кило. Всушност нивната цел претставува можност само да го моделираме нашето тело.

Herbalife функционира во повеќе од 90 земји во светот. Фирмата соработува со високо квалификувани научници и лица кои се искусни и голем дел од својот живот го посветиле на медицината и изнаоѓање начини и солуции за креирање на изгледот и квалитетот на сопственото тело.