Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСедете дома на клима и пијте течности!

Седете дома на клима и пијте течности!

Поради високите температури, Институтот за Јавно Здравје на Македонија излезе со препораки до граѓаните како да го зачуваат своето здравје.

„Се препорачува до граѓаните заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се консумираат лесна храна и пијалаци, особено треба да обрне внимание на припремата и консумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички припремени производи, како на пример мајонез од домашните јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци“, стои во препоката.

До Институтот им препорачуваат на граѓаните за време на овие многу топли денови, доколку се во можност да останат во затворени и климатизирани простории, а доколку се мора да излезат надвор во екот на жешкиот период, тогаш по можност да прават чести одмори под сенка.

Високите температури најлошо влијаат на болните, особено на оние со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, како и на лицата кои боледуваат од паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн. Поради ваквите услови, зголемен е бројот на пациентите во здравствените установи во земјата.