Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХашим Тачи обвинет за трговија со човечки органи

Хашим Тачи обвинет за трговија со човечки органи

Хашим Тачи заедно со нигерскиот милијардер и гувернер на сојузната држава Имо, Рочас Окорача е обвинет за трговија со човечки органи од страна на Асоцијацијата на лекари во Нигерија.

Претседателот на лекарската асоцијација Филип Нџеманзе изјави дека првпат во историјата една Влада учествува во трговија со органи и дека Владата на државата Имо ги користи медицинските институции за да овозможи трговија со луѓе.

Taci

Според него Окорача патувал низ Турција, Косово, Хрватска, Јужна Африка и во неколку азиски земји.

Во врска со ваквите обвиненија нигерските власти изјавија дека станува збор за „стара приказна“ со која надлежните веќе одамна се занимавале.

Косово било посетено од страна на Окорача во 2012 година каде остварисл средба со Тачи кој тогаш бил косовски премиер, со неговиот заменик Беџет Пацоли и со министерската за трговија Мимоза Кусари.

За трговијата со органи на Тачи прва проговори поранешната обвинителка на Хашкиот суд, Карла дел Понте во нејзината книга „Лов: Јас и воените злосторници“, која ја објави по напуштањето на функцијата во Хаг. Во нејзината книга таа тврди дека во 1999 година биле киднапирани Срби и „неалбанци“ од Косово и биле пренесени во Албанија каде им биле вадени ограните а потоа продавани во Италија.Таа тврди дека органите биле вадени во „жолта куќа“ во алабнското село Бурел.