Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХаос во Грција: Куќи под вода, пресечени патишта…

Хаос во Грција: Куќи под вода, пресечени патишта…

Во областите Солун и Пелопонез е прогласена вонредна состојба поради катастрофалните последици од поројните дождови и поплавите, пријавени од агенцијата АНА. Во Солун состојбата е алармантна, каде има и отсечени патишта. Оневозможено е движењето по долгиот пат Епаноми – Неа Миханион каде патот е поделен на два дела. Сликата, објавена од грчки медиуми ги одразува сериозните оштетувања на патот.
pat-grcija
Невремето однесе 4 човечки жртви, а причинета е и огромна материјална штета. Надојдената вода го блокираше автопатот што ја поврзува Атина со Каламата на Пелопонез, а затворени се и повеќе локални и регионални патишта. Седум села од регионот останаа отцепени и недостапни за пристап по копно. Каламата е еден од најпогодените градови од поплавите, каде што водата ги носеше автомобилите, уриваше ѕидови, а за во некои домови достигна и до 2 метри височина.