Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан во проверка на изборниот процес, нема ништо за нов датум

Хан во проверка на изборниот процес, нема ништо за нов датум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денес се обрати на својот официјален Twitter профил за политичката состојба во Македонија најавувајќи дека повторно ќе дојде во Скопје на 2 февруари за да провери како се одвива изборниот процес, но притоа не спомена ништо за евентуалниот датум и дали ќе се залага за одложување на изборите или пак, ќе се обиде да ја убеди опозицијата да излезе на мегдан со власта.

„Работата мора да се забрза. Јас ќе дојдам повторно за да го оценам прогресот во подготовката на изборите“ посочи Хан на Twitter. Исто така дообјасни и дека опозицијата мора да остане ангажирана, како и да се направат напори за прочистување на избирачкиот список и реформа на медиумската сфера.