Wednesday, May 8, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текХакиран снајпер може да пука во погрешна мета

Хакиран снајпер може да пука во погрешна мета

Огненото оружје може да се контролира преку компјутер со безжична врска, што претставува совршена мета за хакери. Технолошките експерти го нарекуваат снајперот Tracking Point 750 – глупост на годината, но сепак ова е навистина важно.

Рунда Сандвик и Мајкл Огер потрошиле 26.000 долари за два модела од снајперот TP750 за да го истражуваат ова опасно огнено оружје. Резултатите од безбедносниот пропуст го претставиле на хакерската конференција Black Hat, со што ги шокирале сите присутни – не треба да се биде многу мудар за да се заклучи дека е погубен фактот што снајперот може да го контролира некој друг.

„Иако овој снајпер има далечна мета, мора да бидете во кругот на безжичната WiFi мрежа за да го контролирате и да преземете контрола над него“, рекол Огер, истакнувајќи ја позитивната страна на снајперот.

Огер открива дека постои голем пропуст кај ова технолошко оружје, кое функционира со системот на Linux. Поточно, преку Wi-Fi конекција може многу лесно да се преземе контрола над снајперот и да се промени метата.

Проблемот е што стрелачот мисли дека има контрола над оружјето, но тоа апсолутно не е така. Демнее голема опасност од хакери и многу лесно може да бидат доведени сите единици, па и поединци кои би го користеле ова оружје.

Извор: telefoni.mk