Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција ќе крати државни трошење, а ќе добие трета помош

Грција ќе крати државни трошење, а ќе добие трета помош

Целата паника околу состојбата во Грција како полека да спласнува и нема ништо од најавениот бунт на народот кој гласаше НЕ на референдумот за условите за штедење. Без оглед на се владата на Грција се согласи на пакетот на реформи кои ќе значат драстични мерки на кратење на државни бенефиции и укинување на голем број на реформи за штедење.

greece referendum

Токму затоа се поизгледни се шансите дека Грција ќе добие трета финансиска помош на краток рок за да може да ги врати претходните долгови кон Европската централна банка кои доспеваат овој месец. Потоа кредитерите ќе одредат на кој начин Грција ќе го отплаќа заостанатиот долг, а притоа да може да ја одржи во живот домашната економија.

Единствена пречка на овој план е доколку некоја од политичките партии во Грција побара предвремени извори и го „запали“ народот, но јасно е дека се притиснати до ѕид и овие реформи мора да ги спроведат за да избегнат банкрот и пропаст на домашната економија.