Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција доби итни 7 милијарди евра

Грција доби итни 7 милијарди евра

Европската комисија и одобри итен заем од 7 милијарди евра на Грција за плаќање на долгот кон Европската централна банка (ЕЦБ) кој доспева на 20 јули, а средствата се извлечени од Европскиот механизам за финансиска стабилност во кој солидарно учествуваат сите држави членки.

Потпретседателот на Еврокомисијата, Валдис Домбровскис најави дека ќе следат преговори за третиот пакет помош за Грција, кои се очекува да траат неколку недели. Во рамки на оваа помош предвидено е Атина во следните три години да добие позајмици во износ од 86 милијарди евра.