Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчката крајбрежна стража пронашла две детски безживотни тела

Грчката крајбрежна стража пронашла две детски безживотни тела

Безживотни тела на две деца се пронајдени вчера на грчкиот остров Кос од страна на крајбрежната полиција. Според нив, се работи за дечиња од мигрантско семејство кое се обидувало да стигне до островот.

Првото безживотно тело му припаѓа на бебе на возраст од шест месеци до една година. Неколку часа подоцна на истото место било пронајдено и телото на момче, за кое се претпоставува дека има од три до пет години. Податоците велат дека од почетокот на оваа година, вкупно 630 илјади лица илегално влегле во Европа.