Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГолем притисок да се одбере целиот тим на Јанева

Голем притисок да се одбере целиот тим на Јанева

Опозицијата се врати на преговарачка маса со партиите од власта само за да се договори целосно реализирање на предлогот на специјалната јавна обвнителка за избор на 14 помошници јавни обвинители. Претходно Советот на јавни обвинителни одобри само 7 члена на тимот што доведе до повлекување на СДСМ од преговорите поради прекршување на договорот за излез од политичката криза.

pregovori

Почетно поставените рокови се целосно пробиени што ја алармираше и Европската унија од каде пристигна известувачот Иво Вајгел за да помогне да се придвижат преговорите, а во понеделник ќе пристигне и еврокомесарот Јоханес Хан.