Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГолем број на лекови поевтинуваат, бенефит за пациентите

Голем број на лекови поевтинуваат, бенефит за пациентите

Министерството за здравство и Агенцијата за лекови најавија ново или вкупно деветто по ред намалување на 165 лекови за повеќе категории на пациенти, особено кај срцево болните.

„Лекови кои се користат за третман на висок крвен притисок, каде што имаме намалување од 50 проценти кај рамиприлот и 40 проценти кај валсартанот. Големо намалување има и кај лековите кои се користат за третман на депресија, како мирзатенот и велафаксот – тоа се лекови кои пациентите ги купуваат од аптеките и ќе го почувствуваат бенефитот“, изјави Марија Серафимовска Дарковска- директор на агенцијата за лекови.

Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра.

„Оваа системска мерка која ја имаме воведено како Влада ќе продолжи да се имплементира и во наредниот период, што значи дека во октомври ќе следи и нова ревизија, а се надевам и ново десетто по ред намалување на цените на лековите“, истакна Тодоров.

lekovi apteka

Со ова деветто по ред намалување на цените на лековите од 2012 година, досега се опфатени над 4.800 лекови, чија цена е намалена два или повеќе пати. Вкупната заштеда со тоа е над 33 милиони евра.