Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата бара историчар за советник на министерот за здравство?!

Владата бара историчар за советник на министерот за здравство?!

Пред изборот на нов министерот за здравство, пуштен е оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Условот е да има со завршени историски, економски или правни науки, пишува „А1он“.

Покрај тоа што за секторот здравство се бара завршен Факултет по историја, исто така се бара најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководна позиција во јавниот сектор и 10 години искуство во приватниот сектор од кои најмалку 3 години на раководно место во приватниот сектор.

Платата за оваа позиција е 36,855 денари.