Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФото: Солзавец го задими косовскиот парламент

Фото: Солзавец го задими косовскиот парламент

Косовската опзиција пред некое време фрлаше јајца на премиерот во собранието, а денеска почнаа да користат и созлавци. Пратеникот на косовската опозиција и лидер на движењето Самоопределување, Албин Курти во косовскиот парламент фрлил солзавец, со што предизвикал одложување на дискусиите околу носењето на нови закони, пренесуваат косовските медиуми.
kosovo2Според заменик министерот за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, поради солзавецот во салата се онесветиле претставникот на Европската унија Самуел Жбогар, како и еден постар пратеник. Собраниската сала веднаш се исполнила со чад, па сите собраниски постапки биле прекинати. Фотографиите ги објави новинарот Винсент Трист на својот Твитер профил.