Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Фокус“ изгуби пред Уставен суд, пресудата во корист на Мијалков

„Фокус“ изгуби пред Уставен суд, пресудата во корист на Мијалков

Новинарите повторно изгубија од Сашо Мијалков. Уставниот суд го одби барањето за заштита на слободите и правата поднесено од новинарите Владо Апостолов и Јадранка Костова, во врска со пресудата со која тие беа парично казнети за нарушување на честа и угледот на некогашниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Мијалков ја поднесе тужбата против весникот Фокус поради два објавени текста, чии написи се засновани врз изјави на поранешниот амбасадор Игор Илиевски, кој изнесува обвинувања против екс-шефот на УБК.
mijalkovВо одлуката на највисокиот суд се наведува дека информациите не содржеле информации од јавен интерес и туку имале интенција „да се започне пренесување на гласини, кои сериозно повредувале нечие право на чест и углед“.

Подносителите на барањето, Апостолов и Костова, пак, велат дека објавувањето во написите било направено со цел да се поттикне дебата за прашања од јавен интерес, односно содржината на текстовите неспорно се однесувала на прашања од јавен интерес.