Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФатен насилникот кој го претепа актерот Сергеј Трифуновиќ

Фатен насилникот кој го претепа актерот Сергеј Трифуновиќ

Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа беше претепан и изгризан, но властите го фатија насилникот и го открија идентитетот. Се работи за Горан Илиќ 41 годишен маж, кој го претепал познатиот актер Трифуновиќ. Инцидентот се случил пред киоск во Варчар, во Белград, а Илиќ е уапсен и осомничен за насилничко однесување.

Инаку, подетално објанување за случката е дека насилникот стоел пред сендвичарата со својата девојка, кога дошол славниот актер Трифуновиќ и започнале расправија, по што Илиќ го претепал и изгризал. Подоцна заминал во непознат правец.