Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков: Немавме информации дека ќе има насилство

Чавков: Немавме информации дека ќе има насилство

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на прес конференција тврдеше дека немал никакви информации дека постои можност за насилни инциденти, но не одговори на обвинувањата на министерот за внатрешни работи Нухиу зошто не одговарал на повиците до 20 часот и зошто не бил присутен во кризниот штаб.

„Ќе треба време и дополнителна анализа – зошто тие што стоеја зад сценариото одбраа тоа да го реализираат после 18 часот, знаејќи дека во тоа време секојдневно се одржуваат протести пред собраниската зграда“, запраша Чавков.

Тој додаде дека полицијата била на задача како и од почетокот на повеќенеделните протести, но поради случувањата во Парламентот бил испровоциран револт и моментална реакција кај граѓаните, а до МВР во текот на денот не пристигнало никакво предупредување за можен избор на нов собраниски спикер.

Според него, употребата на сила можеше да предизивика десетиви жртви. Тој вели дека случиле настани кои го предизвикале гневот кај граѓаните. Чавков најави дека истрагата ќе продолжи и ќе се утврдува инволвираноста.