Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текFacebook полета со интернет дронот Aquila на соларна енергија

Facebook полета со интернет дронот Aquila на соларна енергија

Facebook го промовираше своето прво беспилотно летало Aquila кое има распон на крилата како и кај Боинг 777, а тежи помалку од автомобил. Aquila ќе може да се одржи во воздух повеќе месеци со напојување преку соларни панели, а целта да достави интернет на тешко пристапните и руралните подрачја.

Леталото Aquila преку ласерски сигнал ќе испраќа интернет до станиците поставени на земјата, за подобар квалитет ќе се создаде интернет мрежа од повеќе летала. Креирањето на Aquila дронот траеше подолг период и внесена е врвна инжинерска технологија.

dron2

„Нашата мисија е да поврземе секого во светот. Ова ќе биде одлична можност за нас за да да ги мотивираме и останатите во индустријата да воведат побрз раст на технологијата“, изјави Џеј Перик потпретседателот за инжинерство на Facebook. Овој проект е дел од иницијативата internet.org за достава на бесплатни интернет сервиси во земјите во развој.