Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕвертон го отпушти Роберто Мартинез

Евертон го отпушти Роберто Мартинез

Премиерлигашот Евертон го отпушти тренерот Роберто Мартинез после тригодишна соработка, соопштено е на официјалниот сајт на клубот. „Карамелите“ се дури на 12 позиција во Премиер лигата и оваа сезона играат доста лошо, а беа поразени и во полуфиналињата од Фа купот и Лига купот во Англија. Екипата од „Гудисон Парк“ ќе го забележи најслабиот пласман во англиската Премиер лига, после само пет победи на домашен терен, од кога во 1981 година беше воведен системот победата да носи по три поени.

Навивачите во последните неколку месеци бараа оставка од Шпанецот, кој клубот го напушта со 38 отсто лигашки победи, додека оваа сезона само претпоследната Астон Вила и новиот член на Премиерлигата Бормут примија повеќе голови од Евертон на домашен терен. Мартинез го превзема Евертон во 2013 година, после успешната епизода во Виган, со кој освои Фа куп, а кариерата на островот ја започна како тренер на Свонси, кој од трета го внесе во прва лига.