Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган со остри критики кон извештајот на ЕП

Ердоган со остри критики кон извештајот на ЕП

Остри критики беа упатени од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон неодамнешниот извештај на Европскиот Парламент, во кој беше критикувано владеењето на правото во Турција, кој тој го опиша како „провокативен“.

Европскиот Парламент минатата недела го одобри својот годишен извештај за напредокот на Турција, која е земја кандидат за членство во Европската унија, во кој Анкара е криткувана за владеењето на правото и слободата на медиумите во 2015 година.


„Турција повеќе и е потребна на Европската унија отколку што Европската унија и треба на Турција“, додаде турскиот претседател.