Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија под автомобил во Ниш, три лица повредени

Експлозија под автомобил во Ниш, три лица повредени

Три лица биле повредени, од кои две потешко, кога експлодирала бомба под автомобил во центарот на Ниш, соопшти полицијата. Според неофицијални информации, бомбата била поставена под бел „голф“, со регистарски таблички од српскиот град Врање, пренесуваат тамошните медиуми. Меѓу повредените се сопственикот на автомобилот и случајни поминувачи.

Во болницата во Ниш биле хоспитализирани три лица, од кои две со потешки повреди. Еден студент се наоѓал во тешка состојба, додека на едно младо момче му бил ампутиран долниот дел на ногата, додека на едно девојче и била санирана повредата на стапалото и таа била пуштена дома. Во експлозијата биле оштетени и возила и стакла на локали кои се наоѓале во непосредна близина.