Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕксплозија на плинска боца повреди десетина лица во Прилеп

Експлозија на плинска боца повреди десетина лица во Прилеп

Десетина лица се повредени при експлозија на плинска боца во станбена зграда во Прилеп, а меѓу нив е и еден пожарникар кој се здобил со изгореници на лицето. Станарите се во стабилна состојба и повеќето имаат мали проблеми со дишењето откако вдишале чад, додека останатите се со помали телесни повреди. Според информациите екипите на брзата помош веднаш интервенирале бидејќи станарите биле во шок од силниот потрес. Истражни органи се на терен и ќе се утврдува како настанала експлозијата.