Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕден загинат, четворица повредени – се судрија 7 возила на патот Битола Прилеп

Еден загинат, четворица повредени – се судрија 7 возила на патот Битола Прилеп

Едно лице починало, а четири се повредени во сообраќајна несреќа која се случи утрово во 02:55 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на река Шемница.

Во истата најпрво учествувале две патнички моторни возила “Хјундаи Пони” и “Ауди” и двете со битолски регистарски ознаки, додека пак поради лошите временски услови дошло до судир и на уште пет патнички моторни возила.