Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнЏиновска кукла како симбол на бегалската криза

Џиновска кукла како симбол на бегалската криза

Белгиски уметници направиле џиновска кукла во лик на бегалец а во знак на мигрантската криза се со цел да ја прошират свеста за тешката ситуација во која се наоѓаат луѓето кои останале без своите домови поради војната во своите земји и морале да побараат втор дом.

Куклата е висока шест метри и е дело на белгискиот уметнички колектив „Схелекенс енд Пелеман“. Оваа кукла го доби името „Бегалец на надувување“ и како што велат , таа претставува симбол на дехуманизацијата и бегалската криза која се случува денес во светот.

– Уметноста може да ни помогне на поинаков начин да го согледаме светот и да ни пружи поглед на реалноста – велат авторите на овој проект.

Во исто време, тие додаваат дека уметноста мора да има критички осврт на општеството во кое живееме, а уметниците се тука пред се да разменуваат идеи и да прават дебати, поттикнувајќи ги луѓето на размислување и расправа, а не да нудат готови решенија и одговори.

Огромната кукла на надувување привлекла големо внимание во јавноста.