Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДвајца пилоти загинаа при пад на руски хеликоптер во Сирија

Двајца пилоти загинаа при пад на руски хеликоптер во Сирија

Хеликоптер Mi-28N Havoc на руските воздушни сили се сруши во близина сирискиот град Хомс при што загинаа двајца пилоти, соопшти руското министерство за одбрана. Се наведува дека според извештај од местото на несреќата не станува збор на насилно соборување на хеликоптерот, а причините за падот допрва ќе се утврдуваат. Телата на екипажот на борбениот хеликоптер биле лоцирани и извлечени од единица за спасува, се вели во сооштението на министерството.