Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДва патнички воза за влакно ќе се судреле кај Велес

Два патнички воза за влакно ќе се судреле кај Велес

Два полни патнички воза денес за малку ќе се судреле на станицата Рајко Жинзифов. Возот кој се движел по пругата од правец Гевгелија – Скопје добил дозвола од диспечерот за влез на станицата, но можел директно да се судри со возот кој сообраќал од Скопје кон Гевгелија бидејќи машиновозачот не го забележал знакот за сопирање. Двата воза се доближиле на растојание од 150 метри и по визуелниот контакт ја активирале кочницата што спречило огромна трагедија. Од Јавното претпријатие Македонски железници – транспорт информираат дека ги истражуваат причините за пропустот во безбедноста и дека мора да се почитуваат стандардите за да се избегнат можни несреќи. Возачите откако започна бегалската криза се под огромен стрес што директно влијае на нивната концетрација.