Friday, Feb 21, 2020
HomeДЕНЕШНАРепублика„ТАВ Македонија“: На 7, 8 и 9 август патниците на аеродром да дојдат 4 часа порано

„ТАВ Македонија“: На 7, 8 и 9 август патниците на аеродром да дојдат 4 часа порано

aerodrom-aleksandar-veliki-1-640x331

оради Супер купот на УЕФА, сите патници што на 7, 8 и 9 август ќе патуваат од скопскиот аеродром треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа пред полетувањето.

„Сите патници што имаат летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 7, 8 и 9 август 2017 година, треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа порано од времето на полетување, поради дополнителните безбедносни мерки кои ќе бидат применети на аеродромот по повод одржувањето на Супер купот на УЕФА“, информираат од „ТАВ Македонија“.

Супер купот помеѓу „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“ ќе се игра на 8 август на скопската арена „Филип Втори“.

Се очекува да стигнат илјадници обожаватели на двата фудбалски клубови, како и највисоките претставници на УЕФА. На „Александар Велики“ досега се најавени 17 вонредни летови, на 7 и на 8 август, а дел од гостите ќе пристигнат со патнички и со мали бизнис-авиони.