Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДС: Без демократизација на партиите нема демократизација на државата

ДС: Без демократизација на партиите нема демократизација на државата

Демократскиот сојуз смета дека покрај системските промени во правосудството, медиумите и тајните служби, неопходни се реформи и во поставеноста и дејствувањето на политичките партии.

„Без демократизација на партиите нема демократизација на државата. Гломазните партии и црпење на кадри од членовите (лепачи на плакати и сл.) на партијата на власт во изминатите 11 години и повеќе години се покажаа како основа за етаблирање на авторитарен систем, каде “воздот” на партијата одлучува за се. Центализамот во повеќето партии, ја гуши иницијативноста и сите очекуваат став од” врвот”, што се покажа кобно за развој на демократијата, јакнење на самостојноста на институциите и владеење на правото“, соопшти ДС.

Демократскиот сојуз смета дека треба да се создадат законски основи за демократизација на партиите (од начин на избор на раководните тела, па се до финансирањето), промени кои ќе имаат клучно влијание и во демократизација на државата, како и поголемо влијание на граѓаните во носењето на круцијални одлуки од национален и државен интерес.

ДС предлага при реформите на политичкиот систем, приоритет да имаат и реформите во политичките партии.