Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДржавата ќе им плаќа пола камата на земјоделците за ИПАРД

Државата ќе им плаќа пола камата на земјоделците за ИПАРД

Од министерството за земјоделство посочија дека годинава ќе започе реализирање на предвидената мерка за кофинансирање на камататите за проектите добиени од ИПАРД програмите со тоа што државата ќе им исплаќа на земјоделците до 50 проценти од каматата на годишно ниво. Оваа мерка ќе важи за каматни стапки до 8 проценти на средствата добиени од ИПАРД кои не се повисоки од 500 илјади евра вкупно.