Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДипломатски пасоши за албанските фудбалери од ЕП – ветување од Еди Рама

Дипломатски пасоши за албанските фудбалери од ЕП – ветување од Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама им ја честиташе синоќешната победа на албанските репрезентативци над Романија нa Eвропското фудбалско првенство во Франција и најави дека ќе ја награди целата делегација, и играчите и техничкиот персонал, со дипломатски пасоши, јави агенцијата Анадолија.

– Почнувајќи од претседателот на Фудбалската федерација Армандо Дука, па се до последниот член, сите ќе добиете дипломатски пасоши, изјави Рама во видеото објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Историската победа над Романија, предизвика воодушевување меѓу навивачите на албанскиот состав, како на трибините нa „Стад де Лион“, така и во цела Албанија.