Wednesday, Apr 24, 2024
HomeUncategorizedЕди Рама на самитот во Трст лабаво по патичиња

Еди Рама на самитот во Трст лабаво по патичиња

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот Западен Балкан – ЕУ во италијанскиот град Трст се појави во „полежерно“ издание, пишува „Мета“

На самитот на високо ниво, кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес, Рама се појави во костум и во спортски бели патики од познатиот бренд „адидас“.

Ова не е првпат Рама да се појави во „лежерна“ варијанта на поголеми дипломатски средби. Тој минатиот месец на неформалната вечера, која шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја организираше со премиерите од Западен Балкан, се појави во долна тренирка, спортска маица, патики и во сако.