Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕди Рама ќе биде рушен по „македонско сценарио“

Еди Рама ќе биде рушен по „македонско сценарио“

На Еди Рама му се заканува реализација на „македонско сценарио“, односно вршење голем притисок од здружената албанска опозиција донесе преку одржување на масовни антивладини протести во Тирана на 13 мај, да го принудат да си поднесе оставка од премиерската функција.

albania protest basa

Главните барања на албанската опозиција ќе бидат Рама да се повлече пред изборите исто како Груевски и да се формира техничка влада која ќе создаде услови за слободно изразување на волјата на гласачите, тактика која е чекор по чекор ископирана од СДСМ и довчерашната македонска опозиција, која исто така долго протестираше и постави шатори за кампување пред владата.

Одлуката е донесена за време на состанокот меѓу претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша и раководството на организацијата.